Најстарата жена бодибилдер во светот е 75 годишната Ернестин Шепард од Велика Британија.
Шепард секој ден активно вежба, секое утро трча 16 километри, пред да изгрее сонцето а веднаш потоа половина од денот го поминува во сала за вежбање, каде што вежба паралелно со машките и крева товар до 70 килограми.
Почнала да тренира кога наполнила 71 година и вели дека денеска се чувствува подобро отколку кога имала 40 години. Во светот на боди билдингот е позната и како „Мис Ерни“.