Видео игрите, кои често се критикуваат поради насилство и создавање на зависност, според оценка на истражувачите и тие кои ги програмираат, можат да имаат и позитивно дејство по здравјето, образованието и други социјални компоненти, пренесоа француските медиуми.
Видео игрите можат и да помогнат на деца да развијат добри прехранбени навики, на најстарите да ги одржуваат во форма своите мозочни капацитети, но тие можат да создадат свест за сиромаштијата и за климатските промени.
Меѓутоа, за многу Американци пред се постои директна врска меѓу видео игрите и насилството, покажа неодамнешна анкета на истражувачката фирма Харис.
Џејсон Алер од Универзитетот на Северна Каролина, меѓутоа, смета дека играњето видео игри може позитивно да влијае, пред се на психолошките функции, дека постари лица кои ги играат подобро се чувствуваат психолошки од тие кои не играат.
Алер рече дека видео игрите имаат лоша репутација бидејќи често претерано се играат, но нивното обвинување е за проблемите во општеството со упростување на состојбата.
Тој истакна и дека би било лицемерно да се негираат можните негативни ефекти, но дека не постои никаков доказ дека играњето игрици каде е присутна агресија доведува до тоа играчот да стане агресивен.
Денес постојат и голем број на едукативни видео игри, како што се тие кои ги поттикнуваат децата на поголемо конзумирање овошје и зеленчук.
Експертите дури сметаат дека игрите во кои се стрела на одредена цел ја подобруваат способноста за концетрација на сокриени цели.
Но, игриците, како што утврдија група научници од детската болница во Бостон чие истражување е објавено на листата на АП (Adolescent Psyćiatry), во кои се гаѓаат непријателски вселенски бродови, а се избегнуваат пријателските, можат да им помогнат на агресивните деца да ги контролираат своите емоции, бидејќи треба да се остане мирен за да се пука во вистинската цел.