Британското кралско семејство вчера го прослави првиот роденден на малиот принц Џорџ.
Освен што ја изгасна својата прва свеќичка на роденденската торта, идниот крал може да се гордее и со првите самостојни чекори.
Имено британскиот дворец објави две нови фотографии, направени на 2-ри јули во Природниот музеј во Лондон, каде војводата и војводката од Кембриџ го однеле својот син да ја види изложбата на пеперутки.
-Принцот Џорџ е темпераментен, со силен карактер и полн со самодоверба. Тој е едно мало одлучно момче -изјави фотографот Џон Стилвел кој ги направил фотографиите. Инаку освен на денот кога излезе од болницата и денот на крштевањето наследникот ретко се појавува во јавност.
Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт по повод роденденот на својот син упатија соопштение во кое им се заблагодаруваат на сите кои испратиле подароци и честитки.
Е. Г.