Може многу да им се замерува на Италијаните поради нивната задоцнета реакција и ноншалантност за коронавирусот, но сепак плени тоа што сепак опстојува нивниот дух и покрај големата несреќа.
Досега во Италија има 16.000 заразени со вирусот, а државата ги затвори сите граници и сите се во изолација. Сепак, луѓето во оваа земја со голема традиција ги одушевуваат сите на планетава.
Снимките на Италијаните кои пеат на балконите, свират хармоника, труба за да се подигне моралот ги преплавија социјалните мрежи изминативе денови и беа поттик да се истрае во сите околни држави.
Сепак една од највпечатливите снимки е како баба и дедо танцуваат на балкот со што покажуваат дека годините не ја намалиле нивната љубов, но и дека можат да му пркосат на вирусот кој ги демне и кој е посебно опасен за нивната возраст.