ВИДЕО: „Хиена“ на Антониа Гиговска и „2 Бона“ руши рекорди на слушаност, коментари има од целиот Балкан

Од:

Новата песна на младата ѕвезда Антониа Гиговска и момците од „2Бона”, Тони и Кун руши рекорди на слушаност во нашата земјa. Нивната „Хиена“ за само неколку дена на Јутјуб има повеќе од 330.000 прегледи.

Особено изненадува фактот што под објавата пишуваат и фанови од скоро сите соседни земји, па дури и од Русија.

„Здраво од Русија. Продолжете да творите, браќа Балканци“, „Многу добра спојка сте тројцата, предобар спот, предобра песна“, „Антониа е симбиоза од светски потенцијал. Со ваков потенцијал не е фер светот да не те слушне“, „Пола песна не ја разбирам, но ова е совршено. Каква енергија во песна, каков вајб – поздрав од Хрватска“ – се само дел многуте коментари.

Ниту Антониа, ниту Тони и Кун не го кријат нивното задоволство за соработката, а велат и дека не се изненадени од бројките и позитивните реакции.

– Ме радуваат реакциите на публиката, секојдневно добивам пораки дека им се допаѓа, а истото се случува и кај Кун и Тони. Задоволни сме од целиот проект, Лазар си го направи своето, да бидам искрена јас очекував да биде прифатен целиот пакет, кусо изјави Гиговска.

Инаку автор на музиката и аранжманот е познатиот продуцент Лазар Цветковски, додека текстот го потпишуваат момците од „2 Бона“ и познатиот рапер Тајзи.

Како режисер на видеоспотот се потпишува младиот Томислав Живковиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов сингл на Кристина Арнаудова „Засекогаш“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Јана Бурческа ја промовираше „Home alone“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Нијагара“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дупер со нова песна

Ана Ололовска

Видеоспот за макфестовската песна „Омилен“ на Марија Спасовска

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова песна на ДНК – „Милион денови“

Ана Ололовска