ВИДЕО: Голема огнена топка на небото над Кина

Од:

На небото во Кина синоќа биле забележани три големи огнени топки, пишува Дејли Мејл и објаснува дека станувало збор за три метеори кои експлодирале над провинцијата Јунан.

Експлозијата во еден момент целосно го осветлила небото, а набљудувачите изјавија дека во тие 5 секунди изгледало како да свети Сонцето.

Снимки од експлозијата брзо ги преплавија кинеските социјални мрежи, а експертите тврдат дека метеорите слетале во мало село, околу 40 километри оддалечено од округот Шангри-Ла.

Локалното население кажува дека слушанле силен звук и почувствувале тресење на земјата, а домашните животни биле толку исплашени што избегале од живеалиштата.

Експлозијата била набљудувана и од НАСА, која наведува дека во моментот биле ослободени околу 0,54 киотони енергија, што е еднакво на 540 тони ТНТ.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски