Телеграм каналот „ВЧК-ОГПУ“а објави видео на кое се гледа човек за кого се тврди во описот на објавата дека е заменик-врховниот командант на копнените сили на Русија, Александар Матовников како изведува стриптиз. На снимката која завршила кај „ВЧК-ОГПУ“, маж за кој се тврди дека е Матовников почнува да танцува и го симнува пешкирот од колковите. Дали е тоа рускиот генерал или само дел од воената пропаганда засега нема одговор.
„ВЧК-ОГПУ“ и бројни други медиуми и канали на Телеграм известуваат дека Матовников (57), шеф на оперативната група на копнените сили на Вооружените сили на Русија во Белорусија, според нивното мислење, е одговорен за инцидентот на аеродромот во близина на Минск, кога беспилотно летало го погоди рускиот извидувачки авион со долг дострел.
Во исто време, од официјални руски воени извори не било можно да се најде потврда за информациите дека генерал-полковникот моментално се наоѓа во Белорусија.
Российские военные продолжают жрать друг-друга в междоусобных разборках.
Сослуживцы слили в сеть интимное видео заместителя главкома Сухопутными войсками РФ героя России генерала Александра Матовникова. На видео генерал демонстрирует на камеру центр принятия решений… pic.twitter.com/eGDzsbnsCJ
— Денис Казанський (@den_kazansky) February 27, 2023
„КПЦ-ОГПУ“ го карактеризира рускиот војсководец како „жесток познавач на рестораните и жените во Минск“. Протечените гласини тврдат дека оженетиот командант е повеќе заинтересиран за жени отколку за заштита на скапоцените воени авиони на Путин во Белорусија, што е клучен дел од неговата работа, пишува Дејли Стар.
„Генералот Матовников сака да ја префрла одговорноста за одлучување на своите подредени офицери. Генералот е позаинтересиран за создавање видео содржина.. Имајќи го тоа на ум, инцидентот што се случи на аеродромот во Белорусија не треба да изненадува. “, се наведува во описот на видеото.
Дека бил близок со Владимир Путин јасно покажуваат позициите на „голиот генерал“, кој има голем број воени почести. Од 2018 до 2020 година, тој играше политичка улога како ополномоштен претставник на Путин во Федералниот округ на Северен Кавказ. Во истиот период, тој беше член на Советот за безбедност на Руската Федерација.