Пред две недели интернетот гореше од коментари за чашата за кафе која се појави во една од сцените во Game of Thrones. Потоа имаше сцена во која на Џејми Ланистер одеднаш му израсна раката која претходно му беше отсечена.
А сега во последната епизода во сцената каде што кнезовите разговараат за тоа кој треба да владее и дали треба да имаат референдум, едно шише со вода е видливо до Самвел Тарли и едно до Сер Давос.
a water bottle in King’s Landing!! #got #gameofthrones pic.twitter.com/mwGQlsLwnh
— Beth (@bethisloco) May 20, 2019
It's not just there, I actually found the second water bottle next to Ser Davos. #GameOfThrones pic.twitter.com/rZHqiWmDU4
— Bala Yogesh (@Yo_Bala) May 20, 2019
Појавата на чаша за кафе беше една од работите што не им се допадна на фановите во последната сезона на шоуто, при што повеќе од 1 милион луѓе се чувствуваа толку разочарани што потпишаа петиција за преработка на осмата сезона.