ВИДЕО: Есма и Влатко не влегоа во финале

Од:

Есма Реџепова и Влатко Лозановски настапија трети по ред во втората полуфинална вечер на изборот за песна на Евровизија, кое се одржува во Малме и не успеаја да влезат во финалето.

Од втората полуфинална вечер, во финалето изборија влез претставниците на Унгарија, Азербејџан, Грузија, Романија, Норвешка, Исланд, Ерменија, Финска, Малта, Грција.

Во 58-годишната историја на Евровизија вечерва за првпат се пееше на ромски јазик. Токму делот кој Есма го пееше од песната „Пред да се раздени“.

Годинава на „Евросонг” не учествуваа Босна и Херцеговина, Португалија, Словачка и Турција. Тие се повлекоа поради политиката на петте земји (Англија, Шпанија, Франција, Германија, Италија), кои всушност и го финансираат Евросонг и кои без оглед на квалитетот на песната, имаат обезбедено финале.

Финалната вечер на 58-та Евровизија ќе се оддржи на 18. мај кога меѓу 26 композиции ќе биде избран победникот на најголемото европско музичко натпеварување.

На првата полуфинална вечер, ниту една од земјите од поранешна Југославија не успеа да обезбеди пласман во финалето.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија