Вкупно 2.945 лица со своите тела направија новогодишна елка во главниот град на Хондурас, Тегусигалпа, со што влегоа во Гинисовата книга на рекорди како најголема „човечка елка“ на светот.
– Ми претставува задовоство во името на Гинисовата книга на рекорди да соопштам дека народот на Хондурас во Тегусигалпа го собори рекордот за најголема „човечка елка“ на светот, изјави претставникот на Гинисовата книга, Карлос Мартинес.
Примајќи го сертификатот од Гинисовата книга на рекорди, претседателот на Хондурас, Хуан Орландо Хернандес изјави дека е поситгнато „невројатно остварување“.
Досегашниот рекод за најголема „човечка елка“ беше постигнат во Тајланд, каде новогдишното дрво со своите тела го формираа 852 деца.