За време на престојот во Хемптонс, Џенифер Лопез се скара со папараците.
Снимката од настанот ја објави Дејли Мејл на својот Инстаграм профил.
„Бегајте од мене и моите деца, одете си“, рече 55-годишната пејачка видно вознемирена.
Корисниците на Инстаграм коментираа дека таа само бара внимание и дека добро го одиграла тоа.
„Кога беше со Бен, сакаше внимание, сега го мрази“, „Сакаше слава, ја доби“, „Колку им плати на папараците за ова“, беа само дел од коментарите.