(ВИДЕО) Даниел Крег потврди: „No Time To Die“ ќе биде неговиот последен филм за Џејмс Бонд

Од:

Актерот Даниел Крег потврди дека улогата во „No time to die“ е последната што ќе ја игра во филмовите за Џејмс Бонд.

Тој објави колку е среќен што го потпиша последниот договор за оваа франшиза.

„Некој друг треба да го продолжи овој проект. Тоа беше напорна работа и имавме неверојатна соработка. Она што ме мотивираше најмногу е што работев со некои луѓе на филмови 30 години“, рече Крег.

Тој смета дека овој договор е последен поздрав до колегите со кои поминал толку многу години.

Крег наводно, ќе добие 25 милиони долари за улогата. Досега тој глумеше во “Casino Royal”, “Skyfall”, “Spectre”, и во “Quantum of Solace”.

Порано велеше дека повеќе би сакал сам да си го пресече вратот отколку да глуми во ново продолжение, но решил да потпише уште еден договор, пренесува klix.ba.

Откако се појави во филмот Џејмс Бонд, Крег стана исклучително популарен. Тој во неколку интервјуа рече дека му биле потребни 20 години за да се навикне на животот на славна личност.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ