Норвешка на Евровизија во Ливерпул ќе ја претставува пејачката Алесандра со песната „Queen of Kings“.
=Италијанско-норвешката пејачка ја освои норвешката награда Мелоди, со песна која веќе забрзано се искачува на глобалните топ листи на Spotify. Песната „Queen of Kings“ го зазеде седмото место на кладилниците на Евросонг, а најозборувана е на TikTok каде стана хит.
На профилот под корисничкото име Passione Eurovision објавен е дел од песната на Александра, а видеото е прегледано повеќе од 2,5 милиони пати во еден ден. Во коментарите луѓето ги напишаа своите впечатоци и многумина се воодушевени од норвешката претставничка и ја предвидуваат нејзината победа.
„Песната пред некој ден се појави на Spotify и оттогаш не ја исклучив“, „Ова е само за Евровизија, ми се допаѓа“, „Дами и господа, еве го победникот на Евровизија 2023“, „Дефинитивно победник, денес ја слушам по петти пат пат“, „Ова не го очекував, песната е премногу добра“, се само дел од коментарите.