Бен Афлек и Џенифер Лопез неодамна се појавија на настан организиран за премиерата на нејзиниот нов филм „Shotgun Weeding“, а видеото на кое Афлек се правда дека нема што да пие стана хит на TikTok и собра пет милиони прегледи.
На социјалните мрежи кружи клип на кој се гледа неколку секунди разговор помеѓу пејачката и актерот во кој тој се правда, гестикулирајќи со рацете, додека Џеј Ло го стрела со поглед кој кажува повеќе од илјада зборови.
Корисниците на мрежата се шегуваат на сметка на славниот пар, а многумина веруваат дека во видеото латино дивата проверува дали Афлек испил алкохол.
@life_with_matt #duet with @alliworkscarpets #benaffleck ♬ original sound – Alli Works Carpets
„Смешно е затоа што можете да видите дека навистина ја движи устата“, „Можеби Џен пие од чашата за да види дали има алкохол во пијалокот“, „Бен изгледа навистина исплашено“, се дел од коментарите на ТикТок.
Колку за потсетување, Бен Афлек е зависник од алкохол кој закрепнува, а веќе минатото лето се шпекулираше дека нововенчаниот пар е во неволја поради порокот на Бен.