ВИДЕО: Чешкиот анимиран филм „Алоис Небел“ добитник на „европскиот Оскар“

Од:

Чешкиот филм „Алоис Небел“ е избран за најдобар европски анимиран филм годинава, јави дописникот на МИА од Прага.

Европската филмска награда, црно белиот филм на режисерот Томаш Луњак, кој е создаден како комбинација на игран и цртан филм ја освои во Валета на Малта.

– Пресреќни сме. Јас сум задоволен и наградата покажува оти филмот го разбираат на вистинскиот начин во странство, изјави сценаристот Јарослав Рудиш.

Херојот на филмот е диспечерот Небел, тивок осаменик кој преку социјалистичката сегашност ја раскажува приказната за одмазда и солидарност во местото Јесеник каде живееле судетски Германци кои се протерани од Чешка по Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ