ВИДЕО: Бони Тајлер ќе ја претставува Велика Британија на Евровизија

Од:

Велшката пејачка Бони Тајлер, позната по хитот „Total Eclipse of the Heart“, ќе ја представува Велика Британија на Евровизија.

Британскат комисија решила да го подмлади тимот со 61-годишната пејачка, бидејќи минатиот представник беше 75-годишниот Инглберт Хампердинк, кој го зема претпоследното место.

Тајлер ќе пее песна насловена „Believe in me“, балада снимена во Нешвил.

„Вистински сум почестена и одушевена што ќе ја претставувам својата земја на Евровизија со прекрасна песна. Ветувам дека ќе дадм се од себе“, рече Тајлер.

На 58-тиот избор за песна на Евровизија ќе се натпреваруваат 58 земји, како една од големата петорка, Велика Британија има обезбедено директно учество во финалето на 18-ти мај. Британците вкупно имаат пет победи на Евровизија, а последната победа ја добила Катрин со бендот „Waves“ во 1997-ма година.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холанѓанецот под истрага на ЕБУ зошто удрил член на израелската делегација на Евровизија

Предраг Петровиќ

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ