(ВИДЕО)Бела Хадид за конфликтот меѓу Израел и Хамас: „Не можам повеќе да молчам“

Од:

Манекенката Бела Хадид за прв пат јавно проговори за конфликтот меѓу Израел и Хамас, пишувајќи дека во Газа има итна хуманитарна криза на која мора да се реагира.

Таа се огласи две недели откако нејзината сестра Џиџи Хадид коментираше на истата тема. Семејството познати манекенки добило смртни закани.

Таа нагласи дека во Газа има итна хуманитарна криза, дека на семејствата им треба пристап до храна и вода, а на болниците им е потребно гориво за генератори, средства за ранетите и одржување на луѓето во живот.

„Допрва треба да ги најдам вистинските зборови за овие длабоко комплицирани и вознемирувачки последни две недели, недели кои повторно го фокусираа вниманието на светот на ситуација која одзема невини животи и ќе влијае на семејствата со децении. Имам многу да кажам, но за денес ќе бидам кратка.

Таа се осврна на заканите: „Добивав стотици смртни закани секој ден, мојот телефонски број беше откриен, а моето семејство почувствува дека е во опасност“.

„Но, не можам повеќе да молчам, стравот не е опција. На луѓето, на децата во Палестина – особено во Газа, не им треба нашиот молк. Ние не сме храбри, тие се“.

Таа изрази сочувство до сите мајки кои ги загубија своите деца, до сите оние кои ги загубија членовите на семејството, сочувство до жртвите и нивните семејства во Газа и Израел.

Бела Хадид истакна дека „сите мора да застанеме заедно во избраната човечност и сочувство и да бараме нашите лидери да го сторат истото. „Сите религии се мир – владите се корумпирани и конфликтни“, напиша таа, додавајќи дека овие две последни работи го прават најголемиот грев.„Ние сме едно и Бог ги создаде сите еднакви. Сите крвопролевања, солзи и жртви треба да се оплакуваат со иста почит“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Повеќе од половина милион раселени Палестинци се враќаат во северниот дел на Газа по 15 месеци

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

ВИДЕО: Израелските затворенички му се заблагодарија на Хамас за добриот третман

А1он

Хамас ослободи четири припаднички на израелската војска

А1он

Хамас: Бројот на загинати во Газа се искачи на 47.283, тела се наоѓаат под урнатините

А1он

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа