ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Од:

Вторто место за Бејби Лазања на Евросонг, Хрватска го смета за историско, па градот Загред денеска објави дека за музучарот и неговиот тим кои денеска се враќаат дома ќе биде организиран дочек на плоштадот во центарот на главниот град.

„Ги покануваме сите граѓани и љубители на музиката да го поздрават и пречекаат нашиот Марко на главниот градски плоштад, каде од 13:00 часот ќе биде организирана специјална програма за добредојде, а до доаѓањето на Бејби Лазања, диџејот Марио Ковач и поранешните хрватски претставници на Натпреварот за песна на Евровизија, Лет 3, ќе ја забавува публиката Татјана Матејаш Тајчи во придружба на Анте Гела и бендот и лидерот на програмата Миљенко Цвитковиќ – Миња.

Бејби Лазања заврши второпласиран во синоќешното финале на Евросонг, зад Шавјацарскиот претставник. Швајцарскиот претставник Немо со песната „The Code“ освои 591 поен. Победникот беше решен врз основа на гласовите на стручното жири и гласовите на публиката во сооднос 50:50. Хрватска заврши со 547 бодови. Третото место го зазеде Украина со 453 поени.

Речиси сите жирија на швајцарскиот претставник му дадоа 12 поени, но Хрватска имаше најмногу поени од телевотингот, но недоволно за да го престигне. Хрватска од стручното жири имаше само две дванаесетки и тоа од Кипар и Србија.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ