ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Од:

Американската милијардерка и поморски тајкун Анџела Чао била пијана кога минатиот месец го внела својот Тесла во езеро и се удавила на ранч во Тексас, соопшти полицијата, а пренесува Би-би-си.

Канцеларијата на шерифот на округот Бланко објави дека нејзиното ниво на алкохол во крвта е речиси три пати повеќе од дозволеното. Изјавија дека нејзината смрт била несреќен случај.

Таа поканила седум пријатели да го поминат викендот на нејзиниот голем ранч, а претходната вечер присуствувале на концертот на раперот Питбул во Остин, се вели во полицискиот извештај.

По вечерата, таа го возела својот автомобил назад кон куќата, но додека се движела во рикверц, паднала со автомобилот тесла во езерото. Таа повикала помош, но немало како да биде спасена.

Пријателката Амбер Кеинан им кажала на детективите дека Чао и се јавила во 23:42 за да каже дека автомобилот е во вода и дека таа била заробена внатре.

Нејзините пријатели се обиделе да ја извлечат, но безуспешно. Полицијата дури подоцна успеала да го скрши стаклото и да ја извлече, но дотогаш веќе било доцна.

Анџела Чао беше претседател и извршен директор на бродската компанија на нејзиното семејство, Foremost Group, која управува со глобална флота на товарни бродови. Нејзиното богатство се проценува на повеќе од 14 милијарди долари.

Таа беше во брак со Џим Брејер, исто така милијардер кој се занимава со ризичен капитал.

Нејзината постара сестра, Елејн Чао, е мажена за Мич Меконел, републиканскиот лидер на Сенатот, и служеше како секретар за транспорт во времето на претседателот Доналд Трамп и секретар за труд во времето на претседателот Џорџ В. Буш.

Кога минатиот месец објави дека се повлекува од функцијата републикански лидер во Сенатот, Меконел посочи дека трагедијата исто така била фактор во неговата одлука.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина