„5 до 2“ – новата фанки песна на Young Dadi конечно е пуштена во етерот. Текстот за темата е со потписот на Young Dadi, кој заедно со Лазар Цветкоски има замешано прсти и во создавањето на музиката. Битот, аранжманот, миксот и мастерот, пак, се на Лазар Цветкоски.
Креативен директор и стилист на спотот е Александра Majestic, а зад камерата стои Давид Манев.
Зачин на спотот додава екипата на Битрикс која го краси спотот со нивната кореографија и добра енергија.