Автобиографскиот танц на публиката им ја раскажува уникатната искуствена приказната на глувите луѓе.
– Дојдов до пијаното и ја ставив раката на него за да го почувствувам вибрациите на музиката, се сеќава Марк Смит. На четири годишна возраст му била дијагностицирана глувост и неговиот прв допир со ритамот и танцот биле на часовите по балет на кои одела неговата сестра.
Смит не може да ја слушне музиката, но може да го фати ритамот преку она што може да го почувствува. Тој вели: „Почнав да ги имитирам движењата и наставникот ме повика да се приклучам“. Тој дипломирал танцување и во псоледниве 20 години работи како кореограф. Сега Смит ги користи тие свои први искуства да учи други глуви луѓе како да танцуваат.
Во отсуство на пијано, Смит ги поттикнува своите ученици да ја стават раката на звучникот за да ги почувствуваат вибрациите на музиката. „Вибрациите минуваат ореку нивните раце и нивните тела“, вели тој. А кога учениците ќе се одалечат од директен контакт со звукот, тие одржуваат контакт со ритамот преку вибрациите на дрвениот под. „Затоа секоаш танцуваме боси“, додава тој.
Во 2010 година, Смит оформил малечок машки анасамбл кој го нарекиол „Глуви мажи танцуваат“. Составен е од четворица професионални танчери, секој со различен степен на глувост.
Тој вели дека глувите луѓе во текото на денот се постојано на штрек преку визуелен контакт, па неговите танцувачи се природно прилагодени на она што другите луѓе го прават, наместо да реагираат директно на музиката. Тој верува дека ваквата способност прави глувите танцувачи подобро да комуницираат со другите на сцена, отколку танчерите кои нормално слушаат.
Последното шоу на „Глуви мажи танцуваат“ е наречен „Слушај! Слушај!“ и ги открива скриените или малку познатите аспекти на глувоста, на начин за кој Смит се надева дека публиката која нормално слуша ќе може да се поврзе.
Тој го интегрира британскиот јазик на знаците како уметничката алатка која тој често ја користи во неговата претстава. Но наместо танчерите да прават облици со движење на нивните раце, целото тело е вклучено во танцот. Тој вели дека глувите и нормалните танчери различно ги интерпретираат движењата.
Со повеќе поврзувања со јазикот, тој забележува дека глувите танчери стремат да ја изведуваат својата рутина со многу емоции, додека нормалните танчери се посилни од техничка страна.
Претставата исто ги раскажува спомените од детсвото на Смит. Неговата прва алатка за помош да слуша била голема кутија која му била прикачена на градите со трегери. И танчерите носат такви за време на претставата, за кои тој вели дека се видлив беџ за глувоста и „им дава изглед на суперхерои“.
Музиката во „Слушај! Слушај!“ е составена со звуци и матрици кои не им се сосема познати на луѓето кои нормално слушаат. Во првиот чин се слушаат звуци кои луѓето со тинитус вообичаено ги слушаат а ги изведува Глувото момче број еден, пејач и гитарист кој слабо слуша. Главната музичка тема во вториот чин, која ја компонирал Мајкл Ингленд, е музичко парче од електронска класична музика на основа на личните тестови за слушање кои ги правел Смит – тој се обидувал да слуша високи фреквенции на звуци, како што се песната на птиците, чешмата која капе и паднати есенски лисја. Кога вториот пат тече мелодијата, ги нема високите фреквенции и публиката го дофаќа чувството како тој ја слуша музиката.
Би-Би-Си – Лондон