Голем број деца не знаат да направат основни работи по дома, а тоа секако им е потребно, бидејќи родителите не можат да бидат покрај нив секој момент.
Екеспертите велат, дека родителите на модерното време не ги учат своите деца на основните вештини, затоа што со нив поминуваат малку време, кое го користат со нив да играат, наместо да ги научат нешто корисно.
Токму заради тоа, издвоени се неколку корисни вештини, кои сите деца треба да ги научат..
1. Да направат јадење
Експертите велат дека децата на возраст околу 12 години би требало да умеат сами да ги купат потребните состојки и да подготват некое едноставно јадење, како омлет или шпагети.
2. Да направат колач
Секако, никој не очекува од децата да подготват торта на три ката, но би требало да знаат да направат некој едноставен колач. Освен тоа, времето кое ќе го поминете покажувајжи им како да го подготват ќе биде забавно и корисно потрошено време.
3. Да измијат садови
Родителите нема во секој момент да бидат покрај нив и да ги мијат садовите, затоа би требало да научат како тоа сами да го направат.
4. Да ја наместат собата
Како и да звучи ова, не е во нивен инерес секогаш вие да ја чистите нивната соба. Научете ги да избришат прашина, да исшистат со правосмукалка.
5. Да променат постелнина
Покажете им како тоа да го направат, еден ден ќе ви бидат благодарни, бидете сигурни во тоа.
6. Да уклучат машина наместо вас
Тоа и не е некоја голема мудрост, но исто така, би требало да им се објасни кој програма на машината одговара за која облека.
7. Да ја здиплат облеката
Потребни се само неколку минути за да им објасните како да ја здиплат облеката или како да ја закачат на закачалка. И можеби ќе ви се чини дека нема потреба да ги учите на тоа, затоа што е лесно и вие тога го правите механички, но сепак потребно е да им се покаже.
8. Да пеглаат
Не санува збор само за тоа дека некогаш ќе можат да ви помогнат и да пеглаат наместо вас. Работата е во тоа што ако не ги научите како се прави тоа, ќе одат во училиште во истуткана облека, ако вие не сте дома да ги испеглате.
9. Едноставни поправки во домот
Не, не треба да ги научите да поправаат машина за перење алишта, на пример. Но, затоа многу е корисно да знаат како да сменат сијалица, да закачат сликата на ѕид. Покажете им како се користи алат, објаснете им ги основните работи за струјата.
10. Да сменат гума
Вашето дете не е автомеханичар, но ќе му користи ако знае како се менува гума на автомобилот и да знаат дали во возилото има доволно масло.
11. Да ја сошијат облеката
Не знаат да сошијат копче или да закрпат дел на облеката, кој се искинал? Научете ги.
12. Да ги отстранат флеките
Шансите вашето или било кое дете никогаш во животот да не се исфлека се еднакви на нула. Затоа корисно е да ги научите на некои трикови, кои ќе им помогнат да ја исчистат флеката од облеката.