Вештачко срце изработено во Франција ќе биде тестирано во четири болници

Од:

Вештачкото срце кое го изработи француската компанија „Цармат“, која треба да го направи пациентот целосно самостоен, доби одобрување да биде всадено во телата на пациенти во четири болници во светот, јави дописникот на МИА од Париз.

Според француските медиуми, вештачкото срце ќе биде всадено во четири болници познати по квалитетот на нивната кардиохирургија, а дозволите ги издадоа здраствените власти на Белгија, Полска, Словенија и Саудиска Арабија.

Сега екипите на Универзитетската болница Сант Пјер од Брисел, Силесиан Центер фор Хеарт Дисеасес од Забрзе, Љубљанскиот медицински центар и Принце Султан Кардиак Центер од Ријад, треба да ги изберат пациентите и да се подготват за изведбата на операциите.

Оваа вештачка протеза тежи помалку од еден килограм и претставува реален напредок во однос на првите вештачки срца-машини како Јарвик, која тежеше над 40 килограми и ги спречуваше пациентите да имаат нормален живот.

Срцето – ултралесна биопртоеза беше развиена од француската фирма „Цармат“, која сега се надева дека ќе добие и други дозволи за негова употреба, посебно во Франција.

Во случај на крајна фаза на срцева слабост, 100 отсто вештачко срце е единствената алтернатива на трансплатација на човечко срце, кое е од дарител клинички мртов. Од кандидатите за пресадување на срце само околу една третина успева да добие ново срце.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска