Вегетаријанците имаат поголем ризик од недостиг на витаминот Б12

Од:

Истражувањето на американски научници, кое се занимавало со анализа на 100 научни студии кои ги истражувале ризиците од недостаток на витаминот Б12, утврдило дека дефицитот на овој витамин може да биде поизразен кај вегетаријанците.

Овој витамин може да биде присутен во некои растенија, но авторите на студијата истакнуваат дека човечкиот организам не е во можност да го искористи во обликот присутен во билките.

Кај повозрасните лица чести се болестите на гастроинтестиналниот систем, при што доаѓа до нормална апсорција на витаминот Б12 од храната и поради тоа кај вегетаријанците, веганите и повозрасните лица може да дојде до недостаток на овој витамин.

Производите, како што се јајцата, млекото, месото и рибата се богати со витамин Б12, па затоа е клучно да се одберат производи кои содржат биорасположлив облик на овој витамин, кој се апсорбира во потребните количества во организмот.

Експертите им препорачуваат на вегетаријанците и веганите зголемено внесување на ферментирани производи и печурки, а на повозрасните внесување на збогатени производи, риба и морски плодови за да ја задоволат препорачаната дневна доза на витаминот Б12.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ