Вечерва ќе се одржи Скопскиот фестивал

Од:

Возобновениот Скопје фест или Фестивал на забавни мелодии Скопје, познат како Скопски фестивал вечер ќе се одржи во Македонската опера и балет. Во живо ќе бидат изведени 18 композиции од повеќе македонски пејачи во придружба на 54-член ревиски оркестар на МРТВ под диригентска палка на Кире Костов, кој е и директор на годинашниов фестивал.

На фестивалот ќе настапат Драган Мијалковски, Ристо Самарџиев, Верица Пандиловска, Ламбе Алабаковски, Елена Ристевска, Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Ѓоко Танески, Влатко Илиевски, Андријана Јаневска, Александра Пилева, Наде Талевска, Јана Бурческа, Александар Тарабунов, Бојан Стојков, Арија, Лаура Крлиу и Нико Георгиевски.

Водител на настанот ќе биде Игор Џамбазов. Фестивалот ќе почне во 20:30 часот, а на МТВ директниот пренос е од 20 часот. Фестивалот годинава има ревијален карактер.

Фестивалските песни ќе бидат ставени на двојно ЦД, а ќе има компилација од сите досегашни хитови на фестивалот

Би можело да ве интересира

Фестивал на современа македонска поп музика – ПОП КУЛТУРА, наскоро и винил издание

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Со народни пари ќе се финансира фестивал во Косово, додека домашните едвај врзуваат крај со крај

А1он

26 полицајци се повредени на еритрејски културен фестивал во Штутгарт

(ВИДЕО) Почна „егзодусот“ од Burning Man, 64.000 луѓе во колоната

Време е за светскиот звук дома: Музиката на светот на 14. издание на фестивалот во Битола