Важни факти за ползењето

Од:

Ползењето е дел од нормалниот развој на детето, природна вежба за зајакнување на мускулите и подготовка за првите чекори.

Како и многу други работи кога зборуваме за малите деца и за ползењето има неколку митови. Затоа ако вашето дете обожува да се движи на четири нозе, дознајте ги фактите за ползењето.

– Дете кое долго ползи нема да има проблеми со одењето, бидејќи неговото тело веќе е извежбано. Таквите деца кога еднаш ќе почнат да се движат, брзо проодуваат и помалку паѓаат.

– Само два отсто од децата се обидуваат да ползат на целосно необичен начин и тоа на грбот, туркајќи се со главата кон напред или виткајќи се како змија.

– Додека ползи детето учи да се фокусира на предмети кои сака да ги дофати. На тој начин го вежба сетилото за вид, моториката и координација на окото и рацете, што е важен предуслов за когнитивниот напредок и развој на говорот.

– Се додека детето не прооди, не морате да мислите на купување чевличиња. На вашето дете не му се потребни, а доволно е да му облечете чорапчиња и панталончиња за да не ги повреди колената.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска