Од моментот кога ќе дознаете дека очекувате дете животот почнува да ви се менува. Промената станува се поочигледна со раѓањето на детето, кое ќе ве однесе низ најнапорното, но и најубавото патувања во животот – родителството.
А уживајќи во улогата на родител ќе сфатите што се претрпувала вашата мајка, па најпосле и сами ќе искусите некои работи кои таа, најверојатно никогаш не ви ги кажала.
1. Сте ја расплакале многу пати
Плачела кога открила дека е бремена со вас. Плачела додека се породувала со вас. Плачела прв пат кога ве зела во прегратките. Плачела од среќа, страв, грижа, затоа што толку многу ве сака. Таа постојано била со вас преживувајќи ја секоја ваша среќа и тага, без разлика дали вие сте биле свесни или не за тоа.
2. Таа го сакала тоа последно парче од торатата
Но, кога видела како вие го гледате (иако ви било трето парче, а таа воопшто не ја ни пробала тортата), не можела да го земе. Знаела дека ќе биде многу посреќна ако вашето стомаче биде полно, а не нејзиното.
3. Ја болело
Кога сте ја влечеле за косата, кога сте ја гребеле со ноктињата, кои не сте сакале да ви ги сече, кога сте ја гризеле додека ве доела, кога сте ја клоцале во ребрата додека уште сте биле во нејзиниот стомак, кога сте го натерале нејзиното тело да се грчи во агонија додека ве раѓала… секогаш болело.
4. Секогаш се плашела
Од моментот кога сте зачнати, правела се што е во нејзина моќ за да ве заштити. Таа никогаш не сакала да ве држи некој друг (иако попуштала), случајно за да не ве испушти, а срцето и застанувало кога сте ги правеле првите чекори. Кога сте почнале да излегувате, останувала будна да ве чека (дури иако се правела дека спие), станувала рано да ве буди за во училиште. За секоја гребнатинка на коленото била покрај вас и била подготвена секогаш да ве спаси од секој лош сон.
5. Таа знаела дека не е совршена
Таа е сопствениот најголем критичар. Многу добро ги познава своите мани и понекогаш се мрази себе си поради нив. А најстрога кон себе е кога сте во прашање вие. Сакала да биде совршена мајка, да не направи ништо погрешно, но бидејќи е само човек, грешела. И најверојатно се уште се обидува себе си да си прости за тие грешки. Би сакала да може да се врати во минатото и да исправи некои работи, но не можела, затоа бидете благи кон неа. Го правела најдоброто што во тој момент го знаела.
6. Ве гледала додека спиете
Имало ноќи кога била будна до три наутро, молејќи се најпосле да заспиете. Очите едвај ги држела отворени додека ви пеела песни и ве молела најпосле да заспиете. И кога најпосле сте заспале легнала покрај вас и во моментот ја напуштил заморот кога ви го гледала малото ангелско лице, искусувајќи повеќе љубов, отколку што мислела де е возможно.
7. Ве носела повеќе од девет месеци
Затоа што вас тоа ви било потребно. Научила да ве држи во прегратки додека готви, јаде, дури и додека спие. Затоа што тоа било единствен начин на кој вие понекогаш сте можеле да заспиете. Била уморна, имала болки во грбот, но ве држела затоа што сакала да бидете покрај неа. Ве милувала, ве сакала, бакнувала и си играла со вас. А вие сте биле сигурни и сакани во нејзините раце.
8. Срцето и се кршело секогаш кога сте плачеле
Немало потажен звук од вашето плачење или потешка глетка кога гледала како низ вашите обравчиња се тркалале големи солзи. Таа ќе сторела се што е во нејзина моќ за да ве смири, а кога не можела да ги запре вашите солзи, срцето и се кршело во милиони ситни парчиња.
9. Секогаш за неа сте биле на прво место
Можела да издржи без храна, туширање и сон. Секогаш вашите потреби ги ставала пред нејзините. Целиот ден го поминувала грижејќи се за вас и на крајот од денот немала енергија за себе. Но следниот ден ќе се разбудела и повторно се од почеток, затоа што вие сте и значеле најмногу.
10. Сето тоа би го повторила
Да се биде мајка е една од најтешките работи на светот, па тоа понекогаш ве доведува до работ на силите и нервите. Плачете, ве боли, се трудите, не успевате, работите и учите. Но со тоа искусувате повеќе среќа, отколку што сте мислеле дека е возможно и чувстувате дека понекогаш срцето ќе ви пукне од преголема љубов. И покрај болката, тагата, долгите непреспани ноќи и рани утра, таа повторно тоа би го повторила, затоа што вие најмногу и значите во животот. Така кога следниот пат ќе ја видите, речете и на вашата мајка благодарам и дадете и на знаење дека ја сакате.