Вака разговарајте со децата и ќе посеете семе на среќни луѓе

Од:

Во обраќањето кон детето не треба да дозволите голем број од зборови кои му ги упатувате да бидат само некој вид „наредби“, потребно е вашите зборови да бидат мотивациски и охрабрувачки.

Детето мора да види дека навистина го забележувате неговиот труд, а не само грешките и недостатоците. Не е доволно од време на време да се рече „добро дете“, „паметно мое“ или нешто друго, затоа што користејќи ги исти зборови, тие можат да се сведат на механичко повторување без исркеност.

Поттикнувачките реченици можат да бидат многу едноставни, како на пример „Ти благодарам на помошта“ или „Навистина се потруди“, а можат да бидат и некои од следните:

Можеш да бидеш горд на себе.
Види колку се усоврши во тоа.
Тоа е резултат на твојата напорна работа.
Навистина се потруди собата да ти изгледа чисто.
Навистина уживаш во тој предмет.
Ти благодарам што ми помогна да ја наместам масата, сега многу поубаво изгледа.
Забележав дека беше многу трпелив со својот брат. Ти благодарам. 
Што мислиш ти за тоа?
Твојот труд се ислатеше.
Ова е тешка задача, но ти ќе успееш да ја решиш. Обиди се повторно.
Погледни колку далеку стигна.
Имам доверба во твојата одлука.
Времето кое го вложи во оваа задача, навистина се исплати.
Сакам да бидам со тебе.
Добро си се сетил.
Гледам дека тоа навистина тие  е важно.
Благодарам за идејата која ми ја даде.
Ти тоа го првиш со толку леснотија.
Гледам дека потроши многу време во размислување за тоа.
Навистина чувствувам дека сме тим кога вака заедно работиме.

Секако, ништо од ова нема смисла, ако тоа навистина не го мислите или го зборувате кога детето не го заслужило. Зависно од возраста на детето и способностите овие реченици лесно можете да ги модифицирате и надополнувате.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска