Вајнстин конечно се огласи со своја верзија за обвинувањата на Роуз Мекгован

Од:

Холивудскиот продуцент Харви Вајнстин, конечно проговори по медиумската изолација откако повеќе од сто жени го обвинија за сексуално злоставување.

Во емисијата „The View“, актерката Роуз Мекгован детално објасни како изгледал наводниот сексуален напад врз неа за време на фестивалот Санденс во 1997 година. Таа наведе дека Вајнстин се самозадоволувал додека ѝ пружал орален секс во џакузи.

Филмскиот могул истата година ѝ платил 100 илјади долари за да молчи, а се било откриено минатата година која „Њујорк тајмс“ ја објави приказната.

Вајнстин, преку својот адвокат Бен Брафман, одлучи да го прекине молкот и порача дека тие наведувања се невистинити.

– Со перформансот Роуз Мекгован ја промовира својата нова книга и оневозможи мојот клиент да остане имун на намерите да биде оцрнет во јавност. Не само што господинот Вајнстин ја демантира оваа прикзна, тоа го направија и двајца сведоци вклучувајќи го и менаџерот на Роуз од тоа време, на кого вели дека му се доверила ден покасно, а демантираше и глумецот Бен Афлек. Таа им се поверила веднаш по инциденот, кој денес го нарекува „силување“, а во 1997. година на својот менаџер му опишала дека станува збор за „консезуален“ чин, изјави Брафман.

Би можело да ве интересира

Харви Вајнстин има леукемија

Документи за Епстин: „Принцот Ендру добиваше секојдневни масажи“

Харви Вајнстин прогласен за виновен и на второто судење за силување

ВИДЕО: На Вајнстин сепак ќе му се суди за силување во Лос Анџелес

Ана Ололовска

ВИДЕО: Вајнстин се изјасни за невин за силувањата во Лос Анџелес

Ана Ололовска

На Вајнштајн одземено британското признание за придонес во филмската индустрија

Ана Ололовска