Многу родители тврдат дека нивните бебиња не можат да заспијат ако не ги држат во прегратка, а други предупредуваат дека тоа е штетна навика. Вистината по се изгледа е некаде помеѓу.
– Бебе од четири месеци е сосема нормално мајката да го успива во прегратка и потоа да го стави во креветчето, вели американскиот педијатар др. Сатја Нарисети.
– Кога ќе почне да развива редовни навики и ќе почне подолго да спие во текот на ноќта, можете да го одвикнете од нишкање. Важно е само тоа да не трае и кога бебето ќе прооди, но претходно не може да му штети, додава Нарисети.
Таа ги советува родителите полека да го навикнуваат детето само да се успива, така што ќе го стават во креветче уште додека е будно и ќе го пуштат полека да потоне во сон.