Децата често пати се откажуваа од нешто поради страв дека ќе бидат понижени пред пријателите или доколку се плашат од неуспех. Затоа е најдобро да поразговарате со нив, да им појасните дека работите на почетокот се тешки, но оти тоа не треба да ги обесхрабри.
Децата од време на време се откажуваат од работите и проектите, кои им се важни кога ќе се соочат со потешкотии.
Сепак се додека ова однесување не премине во навика, немате причина за грижи. Но кога детето и кај најмалиот проблем се откажува и никогаш не го завршува проектот до крај, доколку по неколку тренинзи се откажува од кошарката или часовите по танц и доколку овој шаблон се повторува кога станува тешко, проблемот е на повидок.
Во овој случај е најдобро да поразговарате со нив, да им појасните дека работите на почетокот се тешки, но оти тоа не треба да ги обесхрабри да продолжат да работат, бидејќи единствено со стрплива работа и вложување се постигнува успех.
Важно да сочувствувате со нив, да им ставите на знаење дека ги разбирате, но исто така да им нагласите дека упорноста е клуч доколку сакаат да успеат во училиштето, спортот, а подоцна и во животот.