Жителка на Берлин играше иста комбинација од лотариски броеви речиси 30 години, а нејзината упорност конечно е наградена откако овој викенд освои награда од околу 4,4 милиони евра, според германските медиуми.
Според весникот „Билд“, ова е најголемата добивка на лотарија во германската престолнина од почетокот на годината.
Имено, од 1996 година, таа ја избира истата комбинација од броеви што конечно ѝ донела среќа, тоа го потврди и лотаријата „Берлин лото“.
Броевите 5, 11, 13, 39, 42, 48 и супер бројот 6 ѝ донеле голема сума пари на нејзината сметка, а бројот 13 ѝ донел посебна среќа, што е најретко извлекуваниот број од сите, што се случило само 544 пати од 1955 година, потсетува „Билд“.
Од друга страна, најчесто извлекуваниот број 6 не е на нејзиниот билет веќе 30 години.
Среќната добитничка има помеѓу 50 и 60 години и живее во берлинскиот округ Шенеберг, а други детали за неа нема да бидат објавени поради дискреција, според германскиот весник.