Канал 5 ќе го емитува лотото за 2,5 милиони денари

Од:

Државната лотарија на Македонија на 11 декември 2018 година склучила договор со телевизијата Канал 5, која дала најповолна понуда за продукција и емитување на извлекување на игрите на среќа лото. Телевизијата понудила најниска цена на е-аукцијата.

Според Договорот кој е објавен на Бирото за јавни набавки, станува збор за извлекување од 60 кола, во периодот од 15 декември 2018 година до 10 јули 2019 година.

Вкупната вредност на договорот ќе биде утврдена врз основа на извршените услуги, но нема да биде повеќе од 2,5 милиони денари со вклучен ДДВ. Единечната цена за услугата за продукција е 43.266 денари со сите вклучени трошоци и јавни давачки.

Претходно Државата лотарија на Македонија вакви договори склучи со телевизијата Сител. За идентичен број кола, во 2018 година биле предвидени 6,8 милиони денари.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Во Коло 43 Лото 7, 7-ката вреди рекордни 30 000 000 денари

Ана Ололовска

Четворица вработени од „Канал 5“ во изолација, откако на главниот уредник му беше дијагностициран коронавирус

Кристијан Ландов

Уредникот на „Канал 5“ имал контакт со заразено лице од коронавирус во неговата фамилија

Кристијан Ландов

Словенец на лотарија доби речиси два милиони евра

Американец двапати доби милион долари на лото

Ана Ололовска

На италијанското лото извлечени 200 милиони евра

А1он