Уништената фреска на Исус – хит на интернет

Од:

Реставрацијата на фреската „Еко хомо“ во една црква во близина на Сарагоса стана хит на интернет низ целиот свет, откако се видоа сликите како таа изгледала пред и по обновувањето.

80-годишната Сесилија Хименз стана популарна со оваа своја реставрација на фреската, каде што наместо достоинствениот портрет на Исус, се појави лик на влакнест и ужасен мајмун облечен во гардероба што не му одговара. Потоа шегаџиите од целиот свет поставија на интернетисти вакви обработки на многу други славни личности, вклучувајќи ги и шпанскиот крал и премиерот, обработени според истата техника.

Дури и „Тајната вечера“ се најде „реставрирана“.

Интересно е да се напомене дека реставраторката која ја уништи сликата на Исус, со години работела со одобрение на црквата.

„Свештеникот знаеше. Секој кој доаѓаше кај мене можеше да види што тоа јас правам“, изјави старицата, додавајќи дека таа е познат уметник, досега има изложувано повеќе слики, а продала 40.

Внуката на уметникот кој го насликал оригиналот, Тереза Гарсија, воопшто не е задоволна од реставрацијата велејќи дека единствено што успешно поправила е облеката.

Се уште не е одлучено дали во овој случај ќе има и кривична одговорност.

За да ја спасат оваа фреска на Исус Христос од 19 век уништена од една реставраторка – аматерка, дури 9.700 почитувачи на уметноста во Шпанија потпишале петиција.

Во исто време стигаат и бројни предлози за многу други слики да бидат „третирани“ на ист начин.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска