Унгарскиот филозоф Михаил Вајда ја вратил почесната титула Доктор на Универзитетот во Дебрецин бидејќи истиот Универзитет му дал почесна титула и на рускиот претседател Владимир Путин.
– Не сакам да бидам поврзан на ниту еден начин со институција која што го прогласила Владимир Путин за почесен граѓанин, напиша 82-годишниот филозоф на социјалната мрежа Фејсбук.
Минатата недела Универзитетот во Дебрецин вториот по големина унгарски град, му ја додели титулата „Почесен граѓанин“ (Civis Honoris Causa) на Путин во знак на благодарност за ангажманот на Русија во модернизацијата на нуклеарната централа Пакси.