Кои земји се најбогати светски признати туристички атракции?
Кога во 1978 година УНЕСКО првпат ја објави листата на заштитено светско културно богатство, на спискот се наоѓаа само 12 знаменитости – островот Галапагос и престолнината Кито во Еквадор, Националниот парк Јелоустон и Националниот парк Меса Верде во САД, Националниот историски парк Ланси Медоуз и Националниот парк Нахани во Канада, Националниот парк Семјен и монолитните цркви во Лалибели во Етиопија, рудниците за сол Величка и Бохња во Полска, островот Горе во близина на Дакар (Сенегал) и катедралата во Ахен во Германија.
Денеска на списокот се наоѓаат 1.031 знаменитости, вклучувајќи ја и фабриката за преработка на месо во Фрај Бентос во Уругвај која стана дел од оваа листа на почетокот на јули.
Но, ако сакате да ги посетите во што е можно поголем број, во која земја прво треба да се упатите?
Како што е прикажано на мапата – Италија, Кина, Шпанија и Франција се најбогати земји по ова прашање, бидејќи поседуваат 51, 48, 44 и 41 знаменитости. Следат Германија (40), Мексико (33) и Индија (32). Од соседите најмногу ги има во Грција (17), во Бугарија (девет) и во Србија (четири).