Истражување спроведено во САД тврди дека ултразвучните бранови насочени на одредени делови од мозокот резултираат со подобрување на расположението.
Научници од Универзитетот Аризона тврдат дека ултразвукот во иднина би можел да се користи за третирање на ментални и невролошки пореметувања, на пример депресија и последици од трауматски повреди на мозокот.
Станува збор за евтина, сигурна и ефикасна метода, пишуваат истражувачите во стручното списание „Brain Stimulation“.
Досегашните тестирања се спроведени врз примерок од 31 испитаник со хронични болки.
Учесниците во истражувањето биле на возраст од 29 до 83 години, а на ултразвучните бранови насочени во слепоочницата биле изложени во траење од 15 секунди.
Се покажало дека примената на ултразвукот доведувала до подобрување на расположението во рок од десет минути, а кај некои испитаници е забележано и редуцирање на болката.