Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско го прослави својот 79-ти роденден, за што доби голем број честитки од целиот свет.
Но, од сите нив посебно внимение привлече честитката на украинскиот претседател Петро Порошенко, кој очигледно погрешно ја пресметал возраста на понтифот.
Имено, Поршенко на својот налог на Твитер на папата му го честиташе „80-от роденден“.
Откако, под честитката се појавија неколку коментари во кои се укажува на грешката, таа беше повлечена од Твитер налогот на Порошенко, за потоа да биде објавена нова со точниот број на години на папата – 79.