Уапсен таткото на Нејмар-скандалите во семејството продолжуваат

Од:

Бразилскиот фудбалер Нејмар последните денови се најде во центарот на скандал бидејќи изневерил трудница, а потоа на социјалните мрежи ги откриваше деталите. Тоа не е единствениот скандал што деновиве го направија членовите на неговото семејство, откако таткото на славниот фудбалер беше уапсен во Бразил.

Како што пренесува „Вол спорт“, таткото на Нејмар бил уапсен во акција на локалната полиција и градските власти, откако учествувал во нелегални градежни работи на вила во Мангаратиба. Наводно, поради изградба на вештачко езеро во близина на куќата, семејството на фудбалерот на Пари Сен Жермен ја пренасочило реката, ги уништило камењата на брегот и ја расчистило шумата која се наоѓа недалеку од вилата на фудбалерот.

Ништо од тоа не беше дозволено, бидејќи ги крши законите за заштита на животната средина. Нејмар де Силва Сантос набрзо беше ослободен и по овој инцидент ќе биде полесен за околу 822.000 фунти. Исто така, локалната полиција ќе продолжи да го надгледува теренот и доколку се повторат слични работи во околината на куќата на фудбалерот, казната за семејството може да биде многу поголема.

Овој случај следуваше по скандалот што го направи Нејмар. Откако го пропушти крајот на сезоната поради повреда, Бразилецот стана една од главните теми кога се во прашање летните трансфери. Сепак, тој успеа целосно да го оттргне вниманието од евентуална преселба во Премиер лигата бидејќи беше поинтересна за јавноста неговата неверност кон Бруна Бјанкарди со која чека дете.

Би можело да ве интересира

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ

Нејмар доби 320 милиони евра, заминува од ПСЖ

Предраг Петровиќ

Нејмар може да го напушти ПСЖ само со отштета од 150 милиони евра

Нејмар сака да го напушти ПСЖ