Уапсен е актерот Сергеј Трифуновиќ

Од:

Инспекторите на Четвртото одделение на белградската полиција, вечерва наводно го привеле актерот Сергеј Трифуновиќ откако кај него пронашле неколку грама недозволени супстанци.

Трифуновиќ наводно бил приведен околу 20 часот во Вождовац откако, како што понатаму пишуваат српските медиуми, купил дрога од познаник.

Според понатамошните информации, уапсен е и маж кој бил во друштво на Сергеј Трифуновиќ, а кој е осомничен дека му продал марихуана.

– Во таа прилика кај него е пронајдена одредена количина наркотици, која е одземена при акцијата за апсење – изјавил изворот за „Информер“.

Сергеј Трифуновиќ и неговиот познаник се приведени во полиција, пишува споменатиот портал.

Актерот Сергеј Трифуновиќ неодамна се сврши со својата девојка Исидора, која проговори за нивната врска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Сергеј Трифуновиќ добри забрана за влез во Шенген зоната

Катерина Ѓуровски

Сергеј Трифуновиќ е уапсен во Сплит, заврши во Судот за прекршоци

Горан Наумовски

После сообраќајка на Врачар: Актерот Сергеј Трифуновиќ приведен поради дрога