Сергеј Трифуновиќ е уапсен во Сплит, заврши во Судот за прекршоци

Од:

Сплитските полицајци го приведоа познатиот актер Сергеј Трифуновиќ. Тој денеска го шеташе своето куче во Каштелa, па им пречеше на граѓаните кои го пријавија, пишува Слободна Далмација.

По доаѓањето на полицајците, Трифуновиќ почна да ги навредува и омаловажува, за што била потребна интервенција на полицијата, па на крајот бил приведен во полициска станица.

Пријавен е за две кривични дела, чување животно без надзор и навреда на полицајци.

Тој во моментов се наоѓа во Судот за прекршоци во Сплит, каде дава исказ.

Јутарњи лист дознава дека станува збор за германски овчар со кој Трифуновиќ си поигрувал и ги игнорирал забелешките на минувачите и граѓаните кои потоа биле принудени да повикаат полиција.

Би можело да ве интересира

Уапсен е актерот Сергеј Трифуновиќ

ВИДЕО: Сергеј Трифуновиќ добри забрана за влез во Шенген зоната

Катерина Ѓуровски

После сообраќајка на Врачар: Актерот Сергеј Трифуновиќ приведен поради дрога