Твитер најави олеснување на забраната за политичко рекламирање

Од:

Твитер денеска објави дека ќе ја ублажи тригодишната забрана за политичко рекламирање.

Компанијата објави дека „Твитер ќе ги релаксира своите политики за рекламирање и објавување реклами во САД“.

„Исто така, во наредните недели планираме да дозволиме и прошириме можности за политичко рекламирање“, објави компанијата од својата корпоративна сметка.

Одговарајќи на зголемената загриженост за ширење на дезинформации на социјалните мрежи, Твитер ги забрани сите политички реклами во 2019 година.

Во контекст на последното олеснување на забраната, Твитер изјави дека „рекламирањето на одредени теми може да поттикне јавна дискусија за важни теми“.

Во соопштението на компанијата се наведува дека со последната измена ќе се усогласи рекламната политика на таа платформа со онаа на „телевизиските и другите медиумски куќи“, без никакви други, дополнителни објаснувања.

Во март 2021 година, компанијата Фејсбук, исто така, ја укина забраната за рекламирање на политички и социјални теми, која беше воведена по претседателските избори во САД во 2020 година.

Би можело да ве интересира

Гардијан се повлекува од X мрежата на Маск, вели дека станала „токсична“

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск

Нови проблеми со платформата X

Маск дозволи порнографија и насилство на платформата X

Судот пресуди дека Твитер го прекршил договорот за исплата на бонуси на вработените

Горан Наумовски