Твитер се обидува на корисниците да им го олесни пребарувањето на содржините кои ги интересираат па почна да ги раздвојува твитовите на картичка за пребарување според популарноста и интересот кај корисниците, без оглед на тоа дали следите одредени корисници.
Тоа значи дека сега може да ги прегледате новите твитови раздвоени по теми, а при тоа да не мора да следите кого било.
Оваа опција е достапна на iOS и Андроид. Изборот на темите се темели на тоа што Твитер смета дека ви се допаѓа, а врз основа на тоа што го знае за вашите пребарувања. Иако не е јасно како Твитер доаѓа до тие информации. На пример, пребарувањето ги прикажува популарните вести од светот, технологијата, културата, спортот…
Од компанијата истакнуваат дека оваа опција на корисниците ќе даде поголема контрола на тоа што го гледаат, а во план е и развивање на опција која ќе овозможи на корисниците да кажат која тема не им се допаѓа за Твитер да знае што да им прикажува. Популарните теми се првиот голем додаток на апликацијата на Твитер откако порано ова лето беше освежен нејзиниот дизајн.