Кафето сварено на традиционален начин, познато како „турско кафе“, е клуч за долговечност.
До ваков заклучок дошле група научници од атинската Клиника за кардиологија и од Биохемиската лабораторија при Медицинскиот факултет на Универзитетот во Атина, кои ги проучувале „кардиолошките тајни“ за долговечноста на жителите на грчкиот остров Икарија во Егејското Море.
Научниците заклучиле дека една шоља кафе наутро има позитивнио влијание врз здравјето на повозрасните луѓе. Анализите покажале дека лицата кои редовно пијат „турско“ кафе имаат подобро здравје од оние кои конзумираат други видови кафиња.