Македонската филхармонија вечер ќе го одржи вториот концерт од циклусот „Виртуози“. Како солист ќе настапи турскиoт пијанист и истакнат интерпретатор на делата на Лудвиг ван Бетовен, Хусеин Сермет.
Сермет ќе се претстави со Концерт за пијано и оркестар бр.5 на Бетовен, за кој редовно е високо оценуван од музичките критичари.
На програмата е и Симфонијата бр.3 на Јоханес Брамс. Ова е последната симфонија на Брамс за која музикологот Едуард Ханслинг по премиерата рекол дека уметнички се доближува до совршенството.
Концертот ќе се одржи под диригентската палка на Емил Тобаков од Бугарија.