И покрај големите успеси на натпреварите за најдобра песна во Европа и тоа долги низа години, Турција минатата година одлучи да не учествува на Евровизија.
Нема да се натпреварува ни во 2014 година туку ќе основа свое шоу – Турковизија, на кое ќе учествуваат близу 20 земји кои историски или културолошки се поврзани со Турција. Наводно и БиХ би можела да биде меѓу поканетите земји.
Турската јавна телевизија ТРТ одлучи да го испроба истиот рецепт кои со години го користи Евровизија, најелитно европско натпреварување за најдобра песна – многу песни, забава костими, натпреварување, гласање….
Станува збор за проект кој е многу сличен на Евровизија, а идеата за основање на Турковизија дојде откако Турција одлучи да се повлече од престижното европско натпреварување за најдобра песна во Европа, затоа што не се согласуваат со начинот на кој се гласа и системот, според кој „четирите големи земји“ одат директно во финале.
Како што е планирано, на Турковизија ќе учествуваат 20 земји меѓу кои се автономните региони и покраини, како Република Татаристан во Русија или Република Крим, која припаѓа во Украина. Своето учество го потврди Азербејџан, а ќе бидат поканети Северен Кипар, Казахстан, Киргистан.
Полуфиналето на Турковизија е планирано на 19 и 21 декември, додека големото финале ќе биде одржано на 23 декември во Ескишехир.
Инаку, фестивалот Турковизија постои веќе подолг период. Право на учество на фестивалот имаат само песните напишани на турски јазик, затоа што целта на фестивалот е да се прошири влијанието на турискиот јазик.
Но, Турците планираат сега тој фестивал да го кренат на многу поголемо ниво и стане сериозна конкуренција на Евровизија.
– Турковизија не треба да се споредува со Евровизија. Тој феситал ќе има свое место во турскиот свет и ќе изгради свој бренд. Без оглед на тоа дали Турција ќе учествува на Евровизија или не, овој фестивал ќе оди напред и од година во година ќе биде се поголем“, изјави министерот за образование, Наби Авчи.