Турција: Тестирањето на ТОГГ е според планот

Од:

Процесот на тестирање на прототипот на првиот турски автомобил ТОГГ оди според планот. Како што јави Агенцијата Анадолија, управата на ТОГГ на профилот на Твитер објави дека се извршени аеродинамични и аероакустични тестирања на возилата.

„Процесите на тестирање на прототипот на нашето возило напредуваат во согласност со плановите. Денеска се извршени сите аеродинамични и аероакустични испитувања на ТОГГ“, се наведува во соопштението.

Објавена и фотографија со вработените кои работат на првиот турски автомобил ТОГГ.

Првиот сериски произведен автомобил ќе излезе во последното тримесечје на 2022 година. Годишниот проектиран производствен капацитет ќе биде 175.000 возила, за што ќе бидат ангажирани 4.300 работници. На почетокот на производството, домашниот удел ќе биде 51 отсто, додека во 2025 година уделот ќе достигне 68 отсто. До 2030 година се планира производство на електрични и хибридни пет различни модели на автомобили.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on