Турчин има 32 деца, но сака 50

Од:

Турчинот Халит Текин, кој живее во јужниот дел на Турција, има вкупно 32 деца, но вели дека тие не му се доволни и дека сака да има вкупно 50 потомци.

Како што објави „Хуриет Дејли Њуз“, 54-годишниот Текин има вкупно четири жени, но само неговиот брак со Нихат Текин, со која се оженил во 1982 година кога таа имала само 15 години, е законски. Останатите три негови бракови се верски.

Текин има 32 деца, од кои 12 се машки. – Ако Алах ми даде здравје, би сакал да имам вкупно 50 деца, вели Текин.

Пет од неговите деца веќе се во брак и од нив има 18 внуци. Тој, вели дека неговите сопруги никогаш не се караат и дека живеат сложно, но во различни куќи.

Заедно со жените, децата и внуците, неговото семејство брои 60 лица. – Не би можеле никако да живееме во иста куќа, додава тој.

Текин вели дека сите членови на неговото семејство живеат во слога, но прознава дека има финански проблеми.

Според едно истражување направено во 2013 година, околу 372.000 мажи во Турција живеат во полигамни браково. Многу мажи живеат со повеќе од една жени.

Турското законодавство забранува полигамни врски, но Турците сепак склучуваат верски бракови со повеќе од една жена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска