Tриесеттите години се идеални за создавање семејство

Од:

Поголемиот број експерти ги сметаат 30-тите години на жената за најсреќна возраст за мајчинството. Жените во тие години обично имаат стабилен однос со партнерот и кариера, што се одлични предуслови за формирање семејство.

Исто така, ако сте во долга врска со партнерот сигурно сте многу поврзани, вашиот однос е зрел и сте поминале веќе многу авантури пред да се впуштите во најголемата – семејството.

Тоа е добра вест. Лошата вест  е голема разлика во способноста за забременувањето меѓу раните и доцните триесетти години. Што повеќе одминува четвртото десетолетие од вашиот живот, плодноста се намалува. Експертите за плодност советуваат жените да не чекаат предолго ако се во триесеттата, особено ако сакаат повеќе од едно дете.

Предности

Бременоста во 30-тите има финансиска и практична смисла. Најверојатно имате повеќе приходи и подобро стоите отколку во 20-тие затоа што сте имале време да се запознаете со работното место.

Доволно сте млади да имате енергија да се посветите на детето,  да ги издржите непреспиените ноќи и трчање по детето кое го истражува светот. Иако сите се развива со различно темпо, жените во 30-тите често подобро се познаваат самите себеси од оние во 20-тите години.

Недостатоци

Поголем број експерти како граница за најдобра возраст за забременување ја потенцираат 35-тата година. Во раните 30-ти шансите за забременувањето се благо пониски отколку во 20-тите, како и веројатноста на спонтано пометнување и  хромозомско нарушување. Меѓутоа, од 35-тата година понатаму плодноста се намалува многу побрзо, а расте веројатноста од генетски абнормалности, па лекарите во таа возраст речиси рутински препорачуваат прегледи со кромосомопатија, амниоцентеза и слично.

По 35-тата година расте и веројатностите од компликации во бременоста, спонтано пометнување и пораѓање со царски рез.

Поголем број од жените после 35-тата сепак нема да имаат проблеми со плодноста, со бременоста и со пораѓајот.

Интересно е дека меѓу 35-тата и 39-тата година голема е можноста за добивање – близнаци, дури и по природен пат на оплодување. Женското тело лачи ослободување на јајце клетки по циклусот, но на постара возраст доаѓа до хормонални промени кои можат да доведат до тоа по циклусот да имаат повеќе слободни јајце клетки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска