Три камчиња од Месечината продадени за 855 илјади долари

Од:

Три камчиња од Месечината, за кои се тврди дека ги донеле руските астронаути од вселенската мисија Луна-16 во 1970 година, беа продадени вчера на аукција на Сотби’с во Њујорк, за 855.000 долари.

Ова се единствените месечеви камења кои се официјално во приватна сопственост. На наддавањето ги понуди човекот кој ги купил 1993 година, пред точно 25 години. Колекционерот тогаш за нив платил речиси двојно помалку – 442.500 долари. Неговото име и натаму не се соопштува.

Прва сопственичка на ретките камчиња била Нина Ивановна, сопруга на тогашниот директор на Советската вселенска програма, Сергеј Корољев.

И новиот сопственик, како што тоа денес е вообичаено, претпочита јавноста да не го знае неговото име.

Проценките пред наддавањето говореа дека трите камчиња со размер – еден до два милиметра, можат да достигнат вкупна цена од милион долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Примероците од „темната“ страна на Месечината првпат во историја пристигнаа на Земјата

ВИДЕО: Кинеска сонда зеде примероци од темната страна на Месечината

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината

Лендерот SLIM преживеа -130 степени и испрати фотографија од Месечината

ВИДЕО: Американците се вратија на Месечината

Катерина Ѓуровски

Јапонците испишаа историја: Слим слета на Месечината и оствари контакт

А1он